Црква „Св. Никола“ - Долна Лешница

црква во селото Долна Лешница

Свети Никола претставува македонска православна црква во тетовското село Долна Лешница.[1] Во селото уште отсекогаш постоела црква која за време на турското владеење била разрушена. Во 1925 година, селаните ги откопале темелите и црквата била возобновена.[2] Подоцна во 2012 година била реновирана.[3][4] Истата година во септември била цел на вандалски напад.[5]

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Четврта тетовска
Местоположба
Место Долна Лешница
Општина Желино
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Црквата „Св. Никола“ претставува специфична и раритетна градба. Имено под црквата постои уште еден таков храм со исти димензии. Во неа може слободно да се влезе. Останати се само остатоци од некои фрески. Има повеќе преданија, како се случило да има црква над црква. Едното од нив говори дека постоел силен пороен дожд кој го уништил покривот на старата црква, а самиот црковниот храм пропаднал во земја, па мештаните одлучиле над тој храм да изградат уште еден. Другото предание вели дека многу одамна мештаните случајно ја избрале постоечката локација за црква, и кога почнале да копаат темели, пронашле во земја стар храм најверојатно од средновековието, па решиле над неа да ја изградат сега веќе постоечката црква.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  3. „Во тетовско осквернавена црква“. Либертас. 9 мај 2012. Посетено на 2012-09-05.[мртва врска]
  4. 2012.9 мај Оштетена црквата во Тетовска Долна Лешница. Непознат сторител со тврд предмет континуирано ги оштетувал фреските од црквата „Свети Никола“ на почетокот на септември. На црквата се скршени три прозорци и во моментов се наоѓа во реконструкција. plusinfo.mk Архивирано на 7 септември 2012 г.
  5. Скршени прозорци на црквата „Свети Никола“ во Долна Лешница[мртва врска]