Црква „Св. Наум Охридски“ - Радишани

Свети Наум Охридски Чудотворецмакедонски православен храм во населбата Радишани во Скопје.[1] Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм[2]. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на Св.Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден[2]. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор не лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици.

Свети Наум Охридски Чудотворец

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°3′18″N 21°27′20″E / 42.05500° СГШ; 21.45556° ИГД / 42.05500; 21.45556
Место Радишани
Општина Бутел
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Наум Охридски
Изградба 1936
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 7