Црква „Св. Марина“ - Рендина
Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.
Света Марина | |
---|---|
Αγίας Μαρίνας | |
Поглед на црквата | |
40°39′10″N 23°36′34″E / 40.65278° СГШ; 23.60944° ИГД | |
Место | Рендина, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1869 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Ставроско-олимпијадска |
Епархија | Ерисовско-светогорско-ардамерска |
Црквата се наоѓа јужно од селото. Има забележителна архитектура. Претставува еднокорабен храм во византиски стил со купола. Изградена е во 1869 г. од епирски мајстори, автори на црквата „Св. Димитриј“ во Горно Ставрос, како што е означено на натпис на црквата. Храмот е подигнат врз урнатините на постара градба, веројатно храмот на Артемида во древниот град Аретуса. Султанот на црквата ѝ дал 400 декари обработливо земјиште. Реставрирана е по 1980 г.[1][2]
Во црквата е најдена икона од 1864 г. на која е претставен прочуениот борец Лиј (на неа наречен Леон), познат од судбината на Димитрија Солунски.[3]
Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Αγία Μαρίνα“. Strymonikos Online. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 5 јуни 2014.
- ↑ „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 13 јуни 2014.
- ↑ Божков, Атанас (1981). Художественото наследство на манастира Зограф. „Наука и изкуство“. стр. 209. Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=
(се препорачува|author=
) (help) - ↑ „ΥΑ 27702/25-1-1969 - ΦΕΚ 84/Β/5-2-1969“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 1 јули 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Марина“ - Рендина на Ризницата ?