Црква „Св. Илија“ - Солун
Свети Илија (грчки: Ιερός Ναός Προφήτη Ηλία) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]
Свети Илија | |
---|---|
Προφήτη Ηλία | |
Поглед на црквата | |
40°38′27.3″N 22°56′54.9″E / 40.640917° СГШ; 22.948583° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Историја
уредиЦрквата е сместена на рид во Горниот Град, на раскрсницата на улиците „Олимпија“, „Јоанис Варвакис“ и „Профитис Илијас“. Изградена е во втората половина на XIV век. Веројатно првобитно била посветена на Христос и била манастирска, можеби на Акапинскиот манастир поврзан со династијата Палеолози. По османлиското освојување на Солун во 1430 г. храмот веднаш е претворен во џамија од Бадра Мустафа-паша и го добила името Ески сарај[4] или Сарајли-џамија.[5] Откако градот потпаднал под Грција во 1912 г. храмот е вратен како црква и го добил денешното име, можеби поради погрешното толкување на турското име.[1]
Архитектура
уредиХрамот е импресивна градба во типичнииот солунски светогорски стил застапен кај манастирските цркви. Има корсовиден облик со голема главна купола со пречник од 5,5 м, а на север и на југ се оформени широки и високи полукружни конхи. Има уште четири мали простории со куполи, а на запад има простран правоаголен нартекс со четири столбови, на чиј покрив има две нови куполи. На западната и делумно на северната и јужната страна има отворен трем.[1] Отмената ѕидарија е нетипична за Солун и е преземена од цариградската архитектура.[6]
Живопис
уредиВнатре има зачувано неколку изворни фрески кои датираат меѓу 1360 и 1380 г. Тие се истакнуваат со високиот квалитет на изведба — невообичаено чувство за реализам и длабочина на сцените, интензивно движење и видливи емоции на фигурите.[1] Овој доцнопалеолошки стил извршил силно влијание врз српскиот средновековен живопис.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Προφήτης Ηλίας“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-06-29. Посетено на 8 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
- ↑ „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.88
- ↑ Kourkoutidou-Nikolaidou, E., A. Tourta (1997). Wandering in Byzantine Thessaloniki. Kapon Editions. стр. 112 – 113. ISBN 960-7254-47-3.
- ↑ Kourkoutidou-Nikolaidou, E., A. Tourta (1997). Wandering in Byzantine Thessaloniki. Kapon Editions. стр. 113–114. ISBN 960-7254-47-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Kourkoutidou-Nikolaidou, E., A. Tourta (1997). Wandering in Byzantine Thessaloniki. Kapon Editions. стр. 115–116. ISBN 960-7254-47-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Солун на Ризницата ?