Црква „Св. Илија“ - Сер
Свети Илија (грчки: Ιερός Ναός Προφήτου Ηλιού) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Свети Илија | |
---|---|
Προφήτου Ηλιού | |
41°5′10.9″N 23°33′27.9″E / 41.086361° СГШ; 23.557750° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1883 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиЦрквата е сместена на улица „Профитис Илијас“ бр. 13, во југоисточниот дел на градот. Изградена е во 1883 г. во претежно турското и еврејско Арамбаџи Маало, и покрај отпорот од месните муслимани. Во 1923 г. во маалото се населиле грчки дојденци од Турција, кои во 1924 – 1927 г. подигнале голема камбанарија. Храмот е неколкупати обновуван одвнатре и однадвор. Во 1978 г. е изградена женска црква, дограден е нартекс и напраен е мозаичен под. Во 1986 г. дрвените столбови и покривот се заменети со нови. ѕидовите од камен и кал се одново изградени, а подот е поплочен со мермер. Градбата претставува трикорабна базилика со повисок среден кораб (11 м). Трите кораби се одделени со пет пара столбови кои образуваат 10 лакови. Осветлена е со 18 сводести и 2 тројни прозорци. Храмот има вреден резбан иконостас со димензии 13,5 × 5,2 м. Забележителни се и амвонот и проскинитарите. Од 1883 г. се и големите бронзени свеќници и осумте големи икони на иконостасот. Сите внатрешни површини се живописани во византиски стил од браќата Влахос и Андонис Ладијас во 1990 – 1995 г.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Προφήτου Ηλιού“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.