Црква „Св. Илија“ - Равна

црква во Равна, Касандриско, Егејска Македонија

Свети Илија (грчки: Προφήτου Ἠλιοῦ) — парохиска црква кај селото Равна, Касандриско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Илија
Προφήτου Ἠλιοῦ
Карта
40°30′54″N 23°17′2″E / 40.51500° СГШ; 23.28389° ИГД / 40.51500; 23.28389
МестоРавна, Касандриско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1810 (обнов. 1835)
Управа
Архијерејско намесништвоЗагливерско
ЕпархијаЕрисовско-светогорско-ардамерска

Храмот е сместен на рид во југоисточниот дел на селото. Изграден е во 1810 г. според керамопластичниот крст вграден во јужниот ѕид. Меѓутоа, ова се однесува на постариот храм, кој бил наполно уништен при задушувањето на Халкидичкото востание во 1821 г. и обновен во 1835 г.[2]

Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, со подоцна надворешна припрата на западната и делумно на северната страна и женска црква.[1] На север има еднокорабен параклис „Св. Четириесет Маченици“ и нова камбанарија.[2]

Во внатрешноста има стар резбан инвентар, како и насликан дрвен таван.[2]

Црквата има вредни икони од XIX век, дело на мајстори од Галачишката школа,[3] меѓу кои е чудотворната икона „Пресвета Богородица Патеводителка“.[4] Се чуваат вкупно 94 вредни икони, едни царски двери, 50 старопечатени книги и 4 литургиски предмети.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXIV. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-12. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXV. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-12. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  3. „Ἱεροί Ναοί“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2014. Посетено на 6 јуни 2014.
  4. „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2014. Посетено на 7 јуни 2014.