Црква „Св. Илија“ - Пожаране

црква во селото Пожаране

Свети Илија претставува македонска православна црква во гостиварското село Пожаране.[1] Црквата е изградена во 1902 година од страна на Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски, а возобновена е во 2009 година од страна на нивните потомци. До неа се пристига по асфалтен пат. На 2 август по повод патрониот празник Илинден секоја година се одржува прослава пред истата. До црквата има чешма, возобновена во последните години, која надалеку е позната по лековитото дејство.

Свети Илија

Поглед на црквата од северозапад

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Местоположба

Карта

Место Пожаране
Општина Врапчиште
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Завршено 1902
2009 (возобновена)
Ктитор Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски
Архитектонски опис

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.