Црква „Св. Илија“ - Капуџилар

црква во Капуџилар, Солунско

Свети Илија (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Προφήτη Ηλία Πυλαίας Θεσσαλονίκης) — црква во солунското преградие Капуџилар, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Поглед на црквата
Карта
40°36′4″N 22°59′22″E / 40.60111° СГШ; 22.98944° ИГД / 40.60111; 22.98944
МестоКапуџилар, Солун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Мреж. местоprofitisilias.com.gr
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1854/1935
Управа
ЕпархијаСолунска

Храмот е сместен во центарот на Капуџилар. Во неговата парохија влегуваат и црквите „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“, „Рождество на пресв. Богородица“ и „Три Светители“.[1]

Првата црква на ова место е изградена на почетокот на XIX век. Поради брзиот развој на Капуџилар на почетокот од XX век, црквата е срушена и на нејзино место е подигнат анова. Изградбата започнала во 1926 година и на 28 ноември 1935 г. храмот е осветен од митрополитот Генадиј Солунски. Од старата црква останала единствено камбанаријата, изградена во 1854 г. и прогласена за заштитен споменик на културата.[1]

Страничен поглед

Денешниот храм е трикорабна базилика со површина од 600 м2 и голема женска црква. Корабите се поделени со два реда столбови. Во 1980-тите храмот е проширен со додавање на надворешна припрата со површина од 200 м2 во која има два параклиса — „Пресв. Богородица Скоропослушница“ со стара чудотворна икона и „Св. Пантелејмон“ со стара икона на светецот. Наосот е живописан во 1990-тите, а женската црква во 2007 г. Во 2006 г. е позлатен иконостасот. Во 2012 г. започнало отстранувањето на надворешниот малтер и откривање на убавата тулена ѕидарија на храмот.[1]

Од старата црква внатре се зачувани два мермерни капитела, владичкиот престол од 1837 г., голем проскинитар од 1902 г. и преку 100 икони со различни големини, автори и периоди, повеќето од ΧΙΧ век. Дел од иконите се сместени во парохискиот црковен музеј, а останатите се во припратата, на иконостасот, проскинитарите и параклисите на храмот.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ιστορικό Ιερού Ναού Αγίου Προφήτη Ηλία Πυλαίας Θεσσαλονίκης“. Ιερός Ναός Αγίου Προφήτη Ηλία Πυλαίας Θεσσαλονίκης. Посетено на 21 август 2016.
  2. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 53.

Надворешни врски

уреди