Црква „Св. Еремија“ - Пинтија
Свети пророк Еремија — македонски православен храм над скопската приградска населба Пинтија во местото, нарекувано од жителите на Горно Лисиче, Песја Чука. Меѓу месното население црквата се смета и нарекува манастир, таа е една од ретките цркви во Македонија посветена на овој светец пророк од Стариот завет. На патрониот празник, 13-14 мај, ручек во црквата раздаваат семејства од населбата Горно Лисиче. Околу црквата постојат камбанарија, кујна за ручање и сцена-амфитеатар на која се одржува детската културна манифестација „Цветови“[1].
Свети пророк Еремија
| |
Поглед на црквата Свети пророк Еремија во Пинтија | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Парохија | Горнолисичка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Пинтија |
Општина | Кисела Вода |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Еремија |
Изградба | 1989-1991 година (обновена) |
Осветување | 1999 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиДенешната црква била започната да се гради во 1989 година и била завршена во 1991 година, од страна на црковниот одбор на црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче,[2] на местото на старата помала црква која била изградена од ќерпич. Манастирот бил осветен во 1999 година од страна на митрополитот Агатангел.[3]
Наводи
уреди- ↑ http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8FC8F5FF4D82154B8468E8696A1A4288
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 119.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 121.