Црква „Св. Димтириј и Св. Стефан“ - Стибан

црква во Стибан, Лагадинско

Свети Димитриј и Свети Стефан (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου και Αγίου Στεφάνου) — црква во селото Стибан, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Димитриј и Свети Стефан
Αγίου Δημητρίου και Αγίου Στεφάνου
Карта
40°45′39.6″N 23°35′23.6″E / 40.761000° СГШ; 23.589889° ИГД / 40.761000; 23.589889
МестоСтибан, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
Архијерејско намесништвоМавровско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Храмот е изграден во XIX век. Претставува трикорабна базилика со припрата на запад, трем на запад и делумно на југ и камбанарија во југозападниот агол на дворот. Царската икона на Исус Христос се смета за чудотворна.[1] Во црквата има икона „Успение Богородично“ на зографот Михаил Димов (Михаил Димопулос).[2]

Во 1982 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 13 декември 2017.
  2. Мутафов, Емануел, Александър Куюмджиев. Икони и стенописи от храмовете на съвременната Ксантийска митрополия и връзката им с художествената продукция в българските земи през XVIII - XX в. Patrimonium, 5, 2011. стр. 233. Посетено на 8 декември 2014.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ34/28208/609/17-5-1982 - ΦΕΚ 393/Β/21-6-1982“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-22. Посетено на 11 јуни 2018.