Црква „Св. Димитриј Икономски“
Свети Димитриј Икономски (грчки: Άγιος Δημήτριος Οικονόμου) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Св. Димитриј Икономски | |
---|---|
Άγιος Δημήτριος Οικονόμου | |
Поглед на црквата | |
40°31′6″N 21°16′4″E / 40.51833° СГШ; 21.26778° ИГД | |
Место | Костур, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XII – XIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во Икономската парохија, во близина на Првата костурска гимназија, од внатрешната страна на ѕидовите на Костурската тврдина.[1][2]
Историја
уредиЦрквата е изградена во X[2] или во XII – XIII век.[1]
Фреските во храмот се од два периода. Првиот дел е од времето на изградбата на храмот и е во лоша состојба, а вториот, кои покрива дел од првиот, е завршен на почетокот на XV век.[2]
Во 1924 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „O Άγιος Δημήτριος στην Καστοριά – Μεγάλο αφιέρωμα“. Φούιτ.gr. Архивирано од изворникот на 2017-05-24.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας. Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή, 1995. σ. 26. (грчки)
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-01-23.