Црква „Св. Димитриј“ - Маркова Сушица

црква во селото Маркова Сушица

Свети Димитриј — главната црква на Марковиот Манастир крај Скопје. Храмот е изграден во средината на XIV век во 1345 година, од страна македонскиот средновековен владетел Крале Марко, кој е ктитор на манстирот кој го носи неговото име.

Свети Димитриј

Црквата „Свети Димитриј“ во Марковиот Манастир

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба

Карта

Место Маркова Сушица
Општина Студеничани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1345-1377
Ктитор Волкашин и Крали Марко
Архитектонски опис

Внатрешноста на црквата е живописна, а живописот е рапореден во повеќе зони. Во првата зона наликани се светители во цел раст, меѓу кои, на северниот ѕид биле насликани и портретите на ктиторите. Меѓутоа, овие ликови се оштетени, па е тешко да се констатира што претставуваат. Втората зона ги опфаќа композициите што го илустрираат акатистот на св.Богородица, а другите зони животот, чудата и страдањата Христови, дванаесетте "Големи празници", како и сцени од животот на св.Никола и патронот на црквата св.Димитрија.

Меѓу композициите е прикажана и една тешка човечка трагедија "Плачот на Рахела". Станува збор за убиството на сите првородени деца, од страна на Понтиј Пилат со цел да се изврши погубување на божјиот син - Исус Христос. Од портретите на северниот ѕид на црквата останале само незначителни фрагменти, додека од портретите насликани на јужната фасада на црквата, над влезната врата, зачуван е целиот ансамбл. од десната страна е прикажан во цел раст кралот Марко, облечен во кралска облека, во боја на печен окер, украсена со бисери и бесценети камења. Тој во левата рака држи развиен свиток на кој е испишан текстот: "Во Христа Бога благоверен крал Марко, го соѕодав и попишав овој божествен храм". Од другата страна над вратата во цел раст е прикажан кралот Волкашин со свиток во рацете на кој се споменува неговото име.

Галерија

уреди