Црква „Св. Василиј“ - Солун
Свети Василиј (грчки: Αγίου Βασιλείου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Василиј | |
---|---|
Αγίου Βασιλείου | |
40°35′31″N 22°58′13″E / 40.59194° СГШ; 22.97028° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 2008 – 2011 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Храмот се наоѓа во населбата Нова Швајцарија (Неја Елветија). Камен-темелникот е поставен на 16 ноември 2008 г., а црквата е отворена на 8 мај 2011 г. од митрополитот Антим Солунски.[2] Парохијата е основана со претседателски указ на 23 февруари 2012 г.[3]
Црквата е помала од останатите нови парохиски цркви на Солунската епархија бидејќи не била во урбанистичкиот план и властане дозволувала изградба на поголем храм. Парцелата била во сопственост на храмот „Св. Илија“, која ѝ ја подарила на митрополијата. Со изградбата раководел Лазарос Бљамбас.[2] Во заедниот дел на дворот е параклисот „Пресв. Богородица Вратарница“, кој првично бил отпочнат како главен храм, но запрен од судот поради немање дозвола.[3]
Иконостасните икони се дело на монахињите од манастирот „Успение на пресв. Богородица“ во Арсакли. Во храмот има голема икона на Богородица Вратарница, како и мошти од Свети Василиј.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Άγιος Βασίλειος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 22 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 99. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ 3,0 3,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 100. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help)