Црква „Св. Благовештение“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија

Свето Благовештение грчки: Ιερός Ναός Ευαγγελίστριας) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свето Благовештение
Ευαγγελίστριας
Карта
41°4′59.7″N 23°31′57.6″E / 41.083250° СГШ; 23.532667° ИГД / 41.083250; 23.532667
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1881
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Црквата е сместена на улица „Теодорос Турлендес“ во маалото Долна Каменица. Не е познато кога е изградена. Маалото се спомнува уште во византиските извори. Во османлиско време било христијанско маало и веројатно во неа имало храм. Најстарите конкретни податоци за црквата се од една икона во неа, која датира од 1817 г. Во подоцнежни извори се среќаваат податоци за ремонт на храмот. Над средната јужна врата има натпис кој спомнува „март 1881 г.“ — веројатно годината на обнова. Подоцна се направени бројни делумни поправки. На 13 јули 1907 г. се одиграла борба во камбанаријата на храмот помеѓу четата на гркоманскиот капетан Димитар Гоголаков и турската војска. Камбанаријата е урната во 1926 г. за да биде заменета со поголема. Во 1933 година апсидите се малтерисани. Во 1944 г. е обновен и покривот, а дворот е ограден. Црквата го добила денешниот облик по три големи обнови во 1962, 1971 и 1984 г. Сегашната црква е речиси квадратна базилика со димензии 18,30 × 17,80 м.[1]

Иконата на „Св. Виктор, Мина и Викентиј“ (1865) е дело на монахот Јеремија Мелнички.[2]

Во 1979 – 1982 г. зографот Георги Златанов (Георгиос Златанис) го живописал олтарниот простор и мал дел од наосот. Во 1996 – 1998 г. браќата Влахос и Андониос Ладијас го живписале остатокот од храмот. Во 2007 г. црквата е фасадирана со камен.[1]

Во северниот дел на дворот во 1991 г. е подигнат параклисот „Св. Христофор“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Ευαγγελίστριας“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.
  2. Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 262. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.