Црква „Св. Атанасиј“ - Модриште

црква во селото Модриште

Свети Атанасиј Велики (позната и само како Свети Атанас) — главна манастирска црква на средновековниот Модрички манастир во поречкото село Модриште.[1]

Свети Атанасиј Велики

Поглед на манастирската црква

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Манастиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°38′12.36″N 21°14′33.54″E / 41.6367667° СГШ; 21.2426500° ИГД / 41.6367667; 21.2426500
Место Модриште
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј I Александриски
Изградба 1728
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Манастирската црква е изградена во 1728 година[2] и претставува споменик на културата заштитен со закон.[3]

Историја

уреди

Во пишаните извори од 1316 година црквата била спомената под името „Света Богородица“. Во истата година, игуменот Вартоломеј присуствувал на изборот на епископот Никодим.[4]

Градба

уреди

Црквата е еднокорабна со тристрана апсида, а веројатно имала и купола. Градена е од приделкан камен и од наизменични редови тули.[4]

Од некогаш богатиот фрескоживопис, дело на непознат зограф, останале малку траги. Врз основа на неговите стилски одлики, се смета дека истиот зограф ја сликал и црквата „Св. Никола Шишевски“, изградена во XIV век високо над кањонот на реката Треска.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Јовановић П. Модрички манастир // ГСНД. 1928. [Књ.] 3. С. 279
  3. Балабанов K., А. Николовски, Д. Ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје 1980
  4. 4,0 4,1 4,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Света Богородица“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1302–1303. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

уреди