Црква „Св. Атанасиј“ - Луково
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Луково.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′58.3″N 20°36′12.9″E / 41.349528° СГШ; 20.603583° ИГД |
Место | Луково |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | 1883 |
Зограф | Аврам Дичов, Јанаки Ненчов |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1883 година од делкан камен со средства од самопридонес на населението.[2][3] Во 1894 година, црквата била зографисана од страна на Аврам Дичов — син на Дичо Зограф — и таа е негово последно дело.[4] Храмот исто така бил зографисан од страна на дебарскиот мајстор Јанаки Ненчов.[5]
Во 2010 година, црквата била ограбена и од неа била одземена 21 икона, кои биле изработени од страна на Аврам Дичов.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида во задниот дел. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на Апостол Лука, а до внатрешноста води и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има ниша во облик на крст со фреска на патрониот светец Атанасиј Александриски. На јужниот ѕид на црквата има три правоаголни прозорци со иста големина и на иста висина, а правоаголен прозорец има и во средишниот дел на апсидата. Објектот е граден од делкан камен и во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има правоаголна основа и е прилепена до помошниот објект кој се наоѓа паралелно со северната страна на црквата. Градена е од тули и во горниот дел има по еден залачен отвор на јужната и северната, како и по два залачени отвори на западната и источната страна. Во гробиштата се наоѓаат гробовите на родовите: Маџовци, Коловци, Шуминовци, Петановци и Видичевци.[6]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Црквата со гробиштата
-
Западната страна со главниот влез
-
Јужната страна со спроедниот влез
-
Јужната страна со гробиштата
-
Јужната и источната страна
-
Поглед во дворот на црквата
-
Црквата со камбанаријата и помошниот објект
-
Апсидата на црквата
-
Фреската на Апостол Лука
Поврзано
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - црква во Долно маало и потекнува од 14/15 век;
- Црква „Св. Варвара“ - црква во Горно маало и потекнува од 19 век;
- Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - црква во Горно маало и потекнува од 17 век;
- Црква „Св. Никола“ - црква од 2011 година;
- Црква „Св. Лука“ - црква во Горно маало и најнова од сите селски цркви;
- Луково;
- Дебарско-кичевска епархија;
- Струшко архијерејско намесништво; и
- Втора струшка парохија.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трајковски, Мики (21 септември 2010). „Од црква во Луково однесени 21 икона“. Скопје: Утрински Весник. Посетено на 23 мај 2016.
- ↑ „Дебарско-реканско архијерејско намесништво Архивирано на 20 јуни 2013 г.“. Дебарско-кичевска епархија.
- ↑ „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. МПЦ. 6 октомври 2010.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 262.
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1939). Дебарски Дримкол (српски). Скопје. стр. 138–141.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Луково на Ризницата ?