Црква „Св. Атанасиј“ - Криводол

црква во Криводол, Драмско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Καλλιθέας) — црква во селото Криводол, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
41°7′9.0″N 23°54′58.9″E / 41.119167° СГШ; 23.916361° ИГД / 41.119167; 23.916361
МестоКриводол, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1835
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата е изградена во 1835 г. според малата плоча на јужниот ѕид до југоисточниот агол. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква и трем на западната и дел од јужната страна. Женската црква има облик на буквата П и има свој влез од север. Во 1869 г. е изградена самостојна камбанарија. Во црковниот двор е старото училиште, изградено во 1866 г. според кажувања на жителите.[1]

Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била потчинета на Патријаршијата.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
  2. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.