Црква „Св. Атанасиј“ - Дурмани

црква во Дурмани кај Лужица, Берско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква кај селото Лужица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Лука Евангелист на фреска од 1736 г.
Карта
40°29′45.0″N 22°9′47.2″E / 40.495833° СГШ; 22.163111° ИГД / 40.495833; 22.163111
МестоЛужица, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1736
Управа
Архијерејско намесништвоБерско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Храмот е последниот остаток од некогашното село Дурмани уништено во Негушкото востание во 1822 г. Сместен е во пазувите на Каракамен, на неколку километри северозападно од Лужица. Според двата натписа, црквата ја живописале зографот Алексиј и брат му Анастасиј од Јанина — во 1736 г. го насликале наосот, а во 1744 г. нартексот[2] сето за времето на владиката Јоаким III Берско-негушки.[3] Се потпишале со „χειρ Αναστασίου και Αλεξίου ιερέος τον αυταδέλφον εκ τόπου Ιωαννίνων“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Παπαευαγγέλου, Παναγιώτης Σ (1983). Μεταβυζαντινός ναός του Αγίου Αθανασίου στο Ντουρμάνι Βεροίας (грчки). Θεσσαλονίκη: Εκδόσεις Ιεράς Μητροπόλεως Βεροίας και Ναούσης, αρ. 19. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  2. 2,0 2,1 Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 152. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29.
  3. Βουδούρη, Αθανασίου Γ (2008). Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή. стр. 81. Посетено на 12 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)