Црква „Св. Атанасиј“ - Даутбал
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Παλαιοκάστρου) — црква во градот Даутбал, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
40°43′25″N 22°54′43″E / 40.72361° СГШ; 22.91194° ИГД | |
Место | Даутбал, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Неаполско-ставруполска |
Нема сознанија кога точно е изградена црквата. Според натписот над западниот влез, обновена е во 1864 г. Според усните преданија, обновата е направена поради пожар. Претставува трикорабна базилика без нартекс, ниски врати, прозорци во горните делови на долгите ѕидови, женска црква на западната стена и трем затворен со решетки. Во изградбата се користени голем број мермерни натписи и остатоци од градби, претежно од древномакедонско време.[1] Храмот ина вредна збирка на икони од XIX век, а во иконостасот има и една икона од XVI век во италијански стил.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου Παλαιοκάστρου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2016-10-10. Посетено на 22 мај 2014.
- ↑ „Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου“. Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου. Посетено на 22 мај 2014.
- ↑ „Άγιος Αθανάσιος Παλαιοκάστρου“. Corect. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2014.