Црква „Св. Атанасиј“ - Везме

црква во Везме, Драмско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Εξοχής) — црква во селото Везме, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
41°24′41.3″N 23°49′45.3″E / 41.411472° СГШ; 23.829250° ИГД / 41.411472; 23.829250
МестоВезме, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1866
Управа
Архијерејско намесништвоЗрновско
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата е гробишен и парохиски храм на селото. Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем на западната страна. Првично била покриена со плочи. Изградена е во 1866 г., за што сведочи плоча вградена на западната страна.[1] Во 1909 г. заедно со целото село била под врховенството на Бугарската егзархија. Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 се вели:

Црквата „Св. Атанасиј“ е отворена во 1866 г. Таа е убава градба. До неа е училиштето. Тоа е слабо дрвено здание...[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
  2. Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 - 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 81.