Црква „Св. Атанасиј“ - Арманќој
црква во Арманќој, Солун
Свети Атанасиј (грчки: Ναός Αθανασίου Ευόσμου) — црква во населбата Арманќој во Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Обявена е за паметник на културата.[2][3]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Поглед на црквата | |
40°40′15.0″N 22°54′43.0″E / 40.670833° СГШ; 22.911944° ИГД | |
Место | Арманќој, Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1817 |
Управа | |
Епархија | Неаполско-ставруполска |
Црквата е релативно мала трикорабна базилика, без нартекс и со трем на југ. Според посредни податоци, датирана е во втората деценија на XIX век — во 1812 или околу 1816 – 1817 г. Внатре има натпис со годината 1819. Има зачуван црковен мебел во резба[3] и мала збирка од икони, претежно иконостасни и неколку преносливи. Се смета за добар пример за црковната архитектура на селата во Солунското Поле.[1][2]
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Αθανάσιος Ευόσμου“. Corect. Архивирано од изворникот на 2016-10-13. Посетено на 16 октомври 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου – σωζόμενο μεταβυζαντινό μνημείο της Δυτικής Θεσσαλονίκης“. Δήμος Κορδελιού – Ευόσμου. Посетено на 29 ноември 2016. no-break space character во
|publisher=
во положба 16 (help); no-break space character во|title=
во положба 27 (help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/34648/743/1-7-1983 - ΦΕΚ 407/Β/14-7-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-07-15. Посетено на 11 јуни 2018.