Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Тумчевиште

црква во селото Тумчевиште

Свети Архангел Гаврил — главна манастирска црква на Тумчевишкиот манастир во гостиварското село Тумчевиште, Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Координати 41°51′9″N 20°56′30″E / 41.85250° СГШ; 20.94167° ИГД / 41.85250; 20.94167
Место Тумчевиште
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Гаврил
Архитектонски опис

Главниот патронат се прославува на денот на Соборот на Свети Архангел Гаврил (26 јули),[2] кога се организира општонароден црковен собир на кој доаѓаат многу посетители од Полог.[3]

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа пред влезот на селото, од левата страна на локалниот пат од страна на автопатот Гостивар-Тетово.

Историја

уреди

Црквата била изградена пред неколку века, но неколкупати била палена и уништувана. Таа постојано била обновена на првобитните темели. За време на турското ропство, кога селото било разурнато, манастирот бил запален и целосно уништен.[3]

Селаните ја обновила црквата по завршувањето на турското ропство, но истата во 1943 година била запалена и целосно уништена од страна на Албанците од соседното село Чегране.[3]

Во 1996 година на темелите на црквата била изградена нова и била осветена.[3]

Во 2016 година пред црквата бил изграден и осветен 11-метарски крст.[3]

Кражби

уреди

Ноќта помеѓу 15 и 17 декември непознати сторители насилно влегле во црквата откако влезната врата била насилно отворена. Случајот во полиција го пријавил член на црковниот одбор, по што било констатирано дека недостигаат касетофон со звучници и 1.800 денари.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 166.
  2. „Прославен празникот Собор на Свети Архангел Гаврил во гостиварско село Тумчевште“. GV online. 26 јули 2011. Посетено на 2011-12-18.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Кипроски, Киро (2019-12-17). „Село Тумчевиште - нема сиромашни, нема невработени, нема иселувања“. Нова Македонија. Посетено на 2023-03-16.
  4. „Две цркви во гостиварско мета на крадци и вандали“. МТВ. 18 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-12-18.

Надворешни врски

уреди