Црква „Св. Антониј“ - Солун
црква во Солун
Свети Антониј (грчки: Άγιος Αντώνιος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е параклис на манастирот „[[Манастир „Св. Теодора“ - Солун |Св. Теодора]]“.[2][3]
Свети Антониј | |
---|---|
Άγιος Αντώνιος | |
40°37′47.3″N 22°56′57.5″E / 40.629806° СГШ; 22.949306° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | двокорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа во старото грчко маало, на раскрсицата на улиците „Маргаритис Димицас“ и „Филики Етерија“, близу плоштадот „Иподромос“ и црквата „Св. Константин и Елена“. Храмот е изграден во втората половина на XIX век на местото на помала црква. Градбата претставува двокорабна базилика со незачуван трем, украсена со керамопластика.[1] Иконите „Свети Анастасиј Перски“ (1834) и „Света Пулхерија“ се дело на Јоанис Анастасиу од Литохоро.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Αντώνιος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-27. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Ιερά Μονή Αγίας Θεοδώρας - Ιστορικό“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 17 октомври 2016.
- ↑ „Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης“. Εκκλησία της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 17 октомври 2016.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 343. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29.