Црква „Св. Андреја Деснички“
црква во Бер, Егејска Македонија
Свети Андреја Деснички (грчки: Άγιος Ανδρέας της Δεξιάς) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Ѓорѓи“.[2] Црквата го носи името по „Пресв. Богородица Десна“ на југ, која своевремено била нејзина парохиска црква.
Свети Андреја Деснички | |
---|---|
Άγιος Ανδρέας της Δεξιάς | |
Поглед на црквата | |
40°31′32″N 22°12′5″E / 40.52556° СГШ; 22.20139° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабен храм |
Завршена | XVI век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во XVI век. Претставува еднокорабен храм со дрвен покрив, трем и припрата. Внатрешноста е живописана на крајот од XVI век, и меѓу сцените се истакнуваат Богородица, Вознесението Христово и Воскресението Лазарево. Зачувани се и фрески од XVII и XVIII век.[1] Храмот е обновен на север, на југ и запад со ќерпич, однатре насликан со фрески во XVII век.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Ανδρέας της ενορίας του Αγίου Γεωργίου“. Discover Veria. Посетено на 21 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 20 јули 2016.
- ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 564–565. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Андреја Деснички“ на Ризницата ?