Црква „Св. Јован Богослов“ - Богословец
Свети Јован Богослов — главна селска црква во селото Богословец.[1]
Свети Јован Богослов
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°46′20.5″N 22°01′16.8″E / 41.772361° СГШ; 22.021333° ИГД |
Место | Богословец |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Богослов |
Завршено | 1825/1866 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во југозападниот крај од селото, на повисок предел од северната падина на планината Богословец, што ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
уредиПред изградбата на денешната црква во селото имало храм посветен на истиот светец којшто се наоѓал во месноста Пропадиште. Таа црква била од средниот век и се споменува во 1300 година како метох на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Скопје. Околу 1875 година, местото во Пропадиште се повклеко и црквата се срушила.[2] Денешната црква е изградена во 1825[3], 1866[4] или околу 1878[2] година од непознати мајстори и претставува најголем објект од овој период на подрачјето на Овче Поле.[4] Од тој период се и иконите, кои главно се изработени од Андон од Папрадиште, син му Ангелко, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и други автори.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна со правоаголна основа и има три полукружни апсиди на источната страна, од кои средишната е поголема од страничните. Кон јужната, западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Јован Богослов. Храмот има и спореден влез на северната страна над којшто исто така има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. На североисточниот раб од црквата е забележителен орнамент во облик на глава од овен. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од икони во четири реда. Според начинот на обликување и украсување на таваниците и појавата на профани елементи во внатрешното украсување, забележително е големо влијание од црквите изградени по примерот на градителот Андреј Дамјанов.[4]
Во дворот на црквата има чешма и камбанарија. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела, од коишто долниот е затворен, а горниот отворен. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Северната страна
-
Главниот влез
-
Нишата над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Нишата над споредниот влез
-
Припратата на западната страна
-
Припратата на јужната страна
-
Припратата на северната страна
-
Апсидите
-
Главата од овен
-
Североисточниот раб
-
Внатрешноста на црквата
-
Камбанаријата
-
Западната страна на камбанаријата
-
Чешмата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина. стр. 667.
- ↑ 3,0 3,1 „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Цркви“. Вардарски Регион.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Богослов“ - Богословец на Ризницата ?