Црква „Св. Ѓорѓи Студеноводен“
Свети Ѓорѓи Студеноводен (грчки: Αγίου Γεωργίου Κρυονερίτη) — средновековна манастирска црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи Студеноводен | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου Κρυονερίτη | |
Црквата од запад | |
41°5′46.93″N 23°34′0.19″E / 41.0963694° СГШ; 23.5667194° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Изградба | 1298 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во населбата Свети Бессребреници, на левоиот брег на реката Серовица, на патот за источното предградие Свети Јован. Наречен е „Студеноводен“ (Крионеритис) поради изворот кој некогаш се наоѓал покрај него.[1]
Историја
уредиМанастирот е основан пред 1298 г. Во 1344 г. станал метох на манастира „Св. Јован Претеча“, подарен од Ипомони, сопруга на серскиот архонт Сакелариос Мурмурас. Значајно настрадал од Турците во 1572 г., кога му е разбиена елегантната купола, заменета со полутопчест таван, покриен однадвор со четириаголен пирамидален покрив. Веројатно корпусот е ремонтиран во 1864 г., како што сведочи натпис на камен од западната надворешна страна на црквата. Има две икони од голема вредност — „Богородица со Младенецот“ од 1694 г. и „Христос Седржител“, дело на монахот Акакиј.[1]
Неколку икони од 1864 г. — „Благовештение Богородично“, „Свети Јован Претеча“, „Св. Константин и Елена“, „Света Троица“ и „Свети Димитриј“, се дело на зографот Јаков Мелнички.[2] Иконата „Свети Илија“ (1867) во параклисот „Св. Димитриј“ е дело на монахот Јеремија.[3]
Во 1962 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4]
Живопис
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Αγιος Γεώργιος ο Κρυονερίτης“. NYU Stern. Посетено на 5 јуни 2014.
- ↑ Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 260. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.
- ↑ Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 262. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.
- ↑ „ΥΑ 15813/19-12-1961 - ΦΕΚ 36/Β/3-2-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 13 март 2022.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи Студеноводен“ на Ризницата ?