Црква „Св. Ѓорѓи“ - Цапари
Свети Ѓорѓи – православна црква во близина на битолското село Цапари, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2] Во близина на црквата Св. Ѓорѓи се наоѓа малата еднокорабна црква црква Св. Атанасиј и импресивниот манастирски комплекс Св. Петка.
Свети Ѓорѓи
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Прва градска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Цапари |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 1888 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1888 година. На нејзино место претходно постоела постара црква, за што сведочи богатата збирка на икони датирани од XVIII и XIX век. Храмот е живописан во 1890 година од дебарскиот мајстор Јосиф Мажовски.[1]
Во дворот на црквата Св. Ѓорѓи видливи се голем број на гробови на војници од бугарската војска, кои загинале во близина на село Цапари за време на Првата светска војна. Во близина на селото се наоѓаат и бугарски воени гробишта од овој период.
Архитектура
уредиВо архитектонски поглед, црквата е трикорабна.
Туризам
уредиНационалниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Св. Ѓорѓи село Цапари“. Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Манастирот Св. Петка - Цапари“. Македонска нација. 14 јуни 2017. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер на семрежното место на Молика