Црква „Св. Ѓорѓи“ - Стар Дојран

црква во Стар Дојран

Свети Ѓорѓи — селска црква во дојранското село Стар Дојран, Македонија.[1]

Свети Илија

Поглед на руините од црквата „Св. Ѓорѓи“

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Струмичко
Парохија Дојранска
Местоположба

Карта

Координати 41°11′20″N 22°43′5″E / 41.18889° СГШ; 22.71806° ИГД / 41.18889; 22.71806
Место Стар Дојран
Општина Дојран
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1911
Рушење 1916
Изгорена 1916
Архитектонски опис

Таа била срушена за време на Првата светска војна во 1916 година, но за разлика од соседната катедрална црква „Св. Илија“ никогаш не започнала нејзина обнова и денес од нејзе се останати само руини.

Местоположба

уреди
 
Поглед на црквата (десно) и црквата „Св. Илија (лево) на почетокот на XX век

Црквата се наоѓа над регионалниот пат 1105, кој минува низ селото Стар Дојран, веднаш до катедралната црква „Св. Илија“.

Историја

уреди

Кога султанот донел указ да ја додели црквата „Св. Илија“ на Егзархијата како бугарска црква, грчката патријаршија за потребите на своите верници, западно од таа црква, преку рекичката, изградиле нова црква „Св. Ѓорѓи“ во 1911 година, која меѓу народот се нарекува „Грчка црква".

Таа била разрушена за време на бомбардирањето на Дојран во Првата светска војна.

Денес, се наоѓа во руинирана состојба.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди