Црква „Св. Ѓорѓи“ - Скопје

За истоимената скопска црква видете Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чаир

Свети Ѓорѓи претставува главната манастирска црква на Криводолскиот манастир. Се наоѓа во месноста Криви Дол во Скопје, веднаш позади калето[1]. Позната е по тоа што таму пеењето е во стилот на источноевропската традиција, односно византиско пеење. Во минатото тоа место било доста посетувано од старите скопјани, особено како излетници за време на патрониот празник на црквата, Ѓурѓовден. Сегашната црква е градена после скопскиот земјотрес. Оваа црква има богат мозаик од фрески, со богат и мошне убав иконостас кој порано бил своина на сега веќе непостоечката скопска црква „Св. Константин и Елена“.[2]. Во внатрешноста на црквата, веднаш лево од влезот постои извор соѕидан во чешма, од кој многу луѓе полнат вода, за која се верува дека е лековита.

Свети Великомаченик Ѓорѓи

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Место Скопје
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис

Во рамките на овој манастирски комплекс, се наоѓа резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан.

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Зафиров, Драган. „Манастир "Св. Ѓорѓија" - Криви Дол СВЕТИЛИШТЕ ЗА ВИСТИНСКАТА ДУХОВНОСТ“. Македонско Сонце. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 2012-08-05.

Галерија

уреди