Црква „Св. Ѓорѓи“ - Куново
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гостиварското село Куново, Македонија.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Гостиварска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°44′25″N 20°57′02″E / 41.74028° СГШ; 20.95056° ИГД |
Место | Куново |
Општина | Гостивар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 1877 |
Завршено | 1880 |
Осветување | 8 октомври 1924 |
Зограф | Аврам Дичов |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена на крајниот јужен дел на селото Куново, изградена на една мала височина.[1] Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
уредиХрамот е завршен во 1877 година[2] или во 1880 година на темели на многу постара црква.[1]
Храмот бил осветен на 8 октомври 1924 година.
Архитектура
уредиФасадата и кровната конструкција се целосно обновени во 1994 со средства на црковниот одбор, а после неколку години е обновена и дрвената камбанарија и оградниот ѕид кој е покриен и е спасен од забот на времето.
Фрескоживопис
уредиПознатиот зограф Аврам Дичов ги насликал фреските во црквата, кои и денес се во одлична состојба. Забележително е тоа што, наместо вообичаената претстава на Витлеемската ѕвезда, во композицијата „Рождество Христово“ зографот ја насликал шеснаесеткраката македонска Ѕвезда од Кутлеш.[3][1]
-
Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
-
Фреска „Рождество Христово“
-
Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
Иконостас
уредиНа иконостасот се поставени 34 икони, изработени од познатиот зограф Аврам Дичов од Тресонче.
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Базен за верски обреди
-
Помошниот влез
-
Ниша над помошниот влез
-
Помошниот објект
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куново“. Македонска нација. 7 октомври 2010. Посетено на 27 март 2014.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 185.
- ↑ „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска Православна Црква. 6 октомври 2010. Посетено на 27 март 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Куново на Ризницата ?