Црква „Св. Ѓорѓи“ - Клечевце
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Клечевце, Македонија.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
Парохија | Клечовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°6′43″N 21°51′31″E / 42.11194° СГШ; 21.85861° ИГД |
Место | Клечевце |
Општина | Куманово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во јужниот дел на селото на месноста Падина, околу која се наоѓаат селските гробишта.
Историја
уредиНа местото на денешната црквичка постоела стара црква, за која нема податоци кога е изградена и урната, но се претпоставува дека тоа се случило во отоманскиот период. Останале само ѕидови во висина од еден метар до земјотресот во 1963 година, кога била срамнета со земја.[2]
Но, крстот од камен и ѕидовите биле видливи и со години се правеле напори да се возобнови стариот храм. На местото на црквата се наоѓа малата црквичка, која била изградена привремено до урнатините, ама никогаш не била осветена и покрај тоа што мештаните тука ги правеле сите обреди.[2]
На 17 јануари 2023 година бил посветен камен-темелник на нова градба на црквата.[2]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Главниот влез
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 56. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Поставен камен темелник за изградба на црква во селото Клечовце“. KumanovoNews. Посетено на 2023-12-10.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Клечевце на Ризницата ?