Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горни Липовиќ
Свети Ѓорѓи (позната и како Св. Великомаченик Ѓорѓи) — главна селска црква во радовишкото село Горни Липовиќ. Црквата се наоѓа на влезот од селото, на височинка што се издига на левата страна покрај патот.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Горни Липовиќ | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Ињевско-конечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′39.6″N 22°29′37.4″E / 41.511000° СГШ; 22.493722° ИГД |
Место | Горни Липовиќ |
Општина | Конче |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 1877 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1877 година, но не е позната кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 1860 година од страна на видниот крушевски мајстор Никола Михајлов.
Црквата започнала да се обновува во 2013 година и се очекувало градежните работи да завршат за една година, до март 2014 година. Во обновата била целосно обновена нејзината надворешност.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа, обоена е со бела боја и е покриена со ќерамиди. Од западната и северната страна на црквата е доградена припрата, којашто е значително пониска од црквата и е покрена со ќерамиди. Пред влезот на црквата има натстрешница, којашто се издига на два цилиндрични столбови. Таа е повисока од припратата, но пониска од црквата и исто така е покриена со ќерамиди. Над натстрешницата, на четири цилиндрични столбови се издига камбанаријата.
Галерија
уреди-
Поглед на самата црква од напред
-
Икона на којашто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата поставена над влезната врата од црквата
-
Поглед кон внатрешноста на црквата
-
Поглед кон внатрешноста на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Реконструкција на црквата во село Горни Липовиќ“. Општина Конче. 6 ноември 2013. Посетено на 4 мај 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горни Липовиќ“ на Ризницата ? |
- Информации за црквата Архивирано на 4 март 2016 г. — страница на Брегалничката епархија