Црква „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица

црква во селото Беловодица

Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Беловодичкиот манастир.[1]

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°20′26.5″N 21°41′23.2″E / 41.340694° СГШ; 21.689778° ИГД / 41.340694; 21.689778
Место Беловодица
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георги
Осветување 27 јули 1980
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била осветена на 27 јули 1980 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил, кој во тоа време бил Прилепско-битолски црковен управител.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен од западната страна, на која е доградена натстрешница поддржана на два столба. На северната и јужната страна има по два квадратни прозорци. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Камбанаријата е сместена во близина на влезот од црквата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Манастир „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 31 декември 2011.

Надворешни врски

уреди