Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Солун
Пресвета Богородица Скоропослушница или Рождество на Пресвета Богородица, наречена и Панагуда (грчки: Παναγίας Γοργοεπηκόου, Παναγούδα) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Пресвета Богородица Скоропослушница | |
---|---|
Παναγίας Γοργοεπηκόου | |
Поглед на црквата | |
40°37′56.43″N 22°57′0.44″E / 40.6323417° СГШ; 22.9501222° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1818 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа на аголот на улиците „Егнатија“ и „Герман Патраски“. Изградена е во 1818 г. на местото на постар грам со истото име, уништен од пожар во 1817 г. Можно е на местото да имало и византиска црква, судејќи по реликвиите од византискиот период што се чуваат во храмот. Можно е да се работи за „царскиот“ манастир споменат во XII, XIII и XIV век.
Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време. Според изворите, храмот е изграден поголем од пропишаното во дозволата од османлискат авласт.[1] На храмот работеле зографи од Кулакиската школа; во 1820 г. на неа работел Маргарит Ламбу,[2] а во 1890-тите години на XIX век и Митакос Хаѕистаматис.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Παναγία Γοργοεπήκοος“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-26. Посетено на 5 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
- ↑ Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερά Μονή Αγίου Γεωργίου Λόφου Κιλκίς“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-06-12. Посетено на 12 јуни 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια „Συντεχνία“ αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 182. Посетено на 10 јуни 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Солун на Ризницата ?