Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Лопатица
Рождество на пресв. Богородица — црква во битолското село Лопатица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Фреска со Рождеството над влезот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Лисолајска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°9′34.3″N 21°27′27.2″E / 41.159528° СГШ; 21.457556° ИГД |
Место | Лопатица |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1857 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен на источниот крај на селото. Изградена е во 1857 година.[1] Претставува голема камена базилика со полукружна апсида на исток. На запад подоцна во продолжение е доградена трпезарија. На југозапад има куловидна камбанарија изградена подоцна.
Храмот е забележителен по западниот ѕид на тремот однадвор, каде околу влезот во наосот има голема композиција (2,94 × 1,72 м), на која е претставен двобој помеѓу Крале Марко и Муса Кесеџија на коњи.[1] Таа е дело на мајстор од Дебарската школа, изработена во 1884 година[2]
За време на Првата светска војна, бугарската војска во цркват погребала загинати војници од VI пешадиски трновски полк.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Радовановић, Војислав С (1952). „Марков мегдан с Мусом — култ народног хгроја заштлтника сиротиње раје“. Гласник Етнографског Института САНУ. Београд. I: 214.
- ↑ Радовановић, Војислав С (1952). „Марков мегдан с Мусом — култ народног хероја заштитника сиротиње раје“. Гласник Етнографског Института САНУ. Београд. I: 218.
- ↑ Стояновъ, Методи (1941). Градъ Пирдопъ въ миналото и сега. София: Печатарска кооперация „Едисонъ“. стр. 311.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Лопатица на Ризницата ?