Црква „Пресвета Богородица“ - Горно Броди
Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Παναγίας Άνω Βροντού) — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Пресвета Богородица | |
---|---|
Παναγίας | |
41°17′40.2″N 23°41′1.8″E / 41.294500° СГШ; 23.683833° ИГД | |
Место | Горно Броди, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1873 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е изградена во 1873 г. во Камарското Маало. Во еден документ од 5 мај 1873 г. на учителот Никола Падарев, потврден со селските печати и 215 потписи, де вели дека селото едногласно ја подигнало оваа нова црква, која ја осветил митрополитот Неофит Серски, поканет од гркоманите, а по молба на хаџи Иван Бојанов од Камарското Маало. Во прво време црквата била гркоманска, сè додека целото село не ја отфрлило Патријаршијата.[1]
Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и напишал за црквата:
„ | Новата црква се нарекува „Св. Богородица“; таа е попроста од старата. Во неа иконите носат словенски натписи.[2] | “ |
Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.[3]
На почетокот на XXI век до црквата има фудбалско игралиште. Градбата е во урнатини и покривот е паднат.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Баждаров, Георги (1929). Горно Броди. София. стр. 41. Посетено на 3 ноември 2014.
- ↑ Кънчов, Васил (1970). Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 181. Посетено на 3 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 836.