Црква „Вознесение Христово“ - Тополчани
Вознесение Христово (Св. Спас) — црква во прилепското село Тополчани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Вознесение Христово
| |
Фреска на св. Кирил од јужниот ѕид на наосот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Тополчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°13′48″N 21°25′48.9″E / 40.23000° СГШ; 21.430250° ИГД |
Место | Тополчани |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Завршено | 1864 |
Живопис | 1864 - 1869 |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Црквата е сместена на сретселото. Според натписот на мермерна плоча, градежните работи се завршени на 26 мај 1864 г. под началствувањето на митрополитот Венедикт Византиски. Зографските работи во внатрешноста започнале веднаш по изградбата. Ангажиран е зографот Адамче Најдов од Прилеп, чие име со годината 1864 се спомнува на краткиот натпис на напречната греда во наосот. Друг натпис на гредата над јужната врата вели дека живописувањето е завршено на 29 јули 1869 г. за време на свештеникот Алексиј Константинов и епитропите Нешко и Тошо Кочеви, а зографи биле Константин и Димитар Анастасови од Магарево.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 293.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Тополчани на Ризницата ?