Џамија Календерхане
Џамијата Календерхане (турски: Kalenderhane Camii) е поранешна православна црква која била претворена во џамија од страна на Османлиите. Џамијата се наоѓа во реонот на Фатих, Истанбул, Турција. Од самата градба на џамијата може да се види византиската архитектура која била употребена при градењето на црквата.
Џамија Календерхане Kalenderhane Camii | |
---|---|
Изглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Припадност | ислам |
Епархија | Вефа |
Осветен | 10 век |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Особености | |
Минариња | 1 |
Историја
уредиПрвата градба која се наоѓала на ова место била римска терма, која била изградена во 6 век. Подоцна, најверојатно во 7 век, била изградена првата црква. Еден дел од црквата кој подоцна бил уништен од страна на Османлиите, бил изграден во текот на 12 век. Црквата била опкружена со манастирски комплекс, кој подоцна исчезнал во отоманскиот период. Во 1204 година, црквата била претворена во римокатоличка црква[1].
По 1453 година, црквата била користена како јавна кујна, а објектот станал познат како куќа на Календер. Во 1746 година, Хаџи Бесир Ага изградил михраб и минбер во џамијата. Во текот на осмалискиот период била на неколкупати погодувана од земјотреси и пожари, и истата била реновирана.
Во 1930-тите џамијата била напуштена по падот на минарето[1]. Џамијата повторно била обновена во 1970-тите.[2].
-
Откриена фреска во денешната џамија
-
Внатрешност на џамијата
-
Внатрешност на џамијата
-
Внатрешност на џамијата со куполата
-
Надворешност на џамијата
-
Надворешност на џамијата
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Џамија Календерхане“ на Ризницата ? |
- Византиум 1200
- Archnet Архивирано на 25 мај 2006 г.
- Слики од внатрешноста
- Цркви претворени во џамии
- Фрески од поранешната црква (италијански)