Црква Свети Петар и Свети Павле (Прага)
Базилика Свети Петар и Павле (чешки: Bazilika svatého Petra a Pavla — неоготска црква на тврдината Вишеград во Прага, Чешка.
Црква Свети Петар и Свети Павле | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Прага, Чешка |
Првобитната црква на ова место е изградена во 1070-1080 г. од кралот Вратислав II во романски стил. Во 1249 г. базиликата настрадала во пожар, и подоцна е обновена во готски, а потоа во неоготски стил. Впечатливи за црквата се камениот мозаик над вратата, како и двете кули високи по 58 м што се извишуваат над ридот и се гледаат од центарот на градот.[1]
Зад црквата е сместен голем парк, во кој се наоѓаат познатите Вишеградски гробишта, во кои почиваат разни чешки големци како Карел Чапек, Антонин Дворжак, Алфонс Муха и други. Црквата е прогласена за базилика во 2003 г. од страна на папата Јован Павле II.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Kostel sv. Petra a Pavla na Vyšehradě“. Архивирано од изворникот на 2015-04-27. Посетено на 2015-10-31.