Црвеноушеста желка

вид на желка
Црвеноушеста желка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Желки
Семејство: Блатни желки
Род: Црвеноушести желки
Вид: Црвеноушеста желка
Подвид: Црвеноушеста желка
Триномен назив
Trachemys scripta elegans
(Wied-Neuwied, 1839)

Црвеноушеста желка (научTrachemys scripta elegans) — полуводна желка од семејството на блатните желки (Emydidae). Ова е подвид на истоимената црвеноушеста желка (T. scripta) и претставува најпопуларна желка-миленик во светот[1][2] Присутна е како домородно животно во САД и северно Мексико, но денес ја има и на други места поради пуштање во дивина од сопственици. Во многу подрачја важи за инвазивен вид, каде се наметнува врз домородните видови и спаѓа во 100-те најнаметливи доведени видови во светот[3] според Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).

Поведение

уреди

Оваа желка е речиси сосема водно животно, освен кога се сонча и кога положува јајца. На копно е прилично брза, а исто така е и добар пливач. Ловат плен и се обидуваат да го фатат, кога е можно. Се труди да избегне средби со грабливци и луѓе; кога ќе видат непријател, му бегаат со нивното познато „слизнување“.

Опис

уреди
 
Единка во Зоо Скопје.

Новородените желчиња имаат черупка долга околу 3 см. Видот се одликува со полов диморфизам во облик на должината — женките растат до 25—33 см, а мажјаците до 20—25 см. Женките не само што се поголеми од мажјаците, туку и имаат посилна челуст. Од друга страна, мажјаците имаат значително подолга и подебела опашка, како и подолги канџи на предните нозе, предвидени за да се држат за черупката на женката кога се парат.

Исхрана и размножување

уреди

Овие желки се сештојади: се хранат со риби, ракови, со мрша, полноглавци, полжави, разни инсекти и водни растенија. При што младите единки се многу посклони на грабливост од возрасните: како што стареат, желките сè повеќе се хранат со растенија, а сè помалку со месо.

Сезоната на парење се одвива во мај. Женката полага по 2—30 јајца одеднаш, и ова може да се повтори до 5 пати годишно. Црвеноушестата желка достигнува полова зрелност на возраст од 6—8 години. По парењето, на женката понекогаш ѝ требаат неколку недели за да ги положи јајцата, а квачењето трае 60—90 дена.

Наводи

уреди
  1. Boylan Sánchez Efrén. „Las Tortugas“. Ed. Antártida. Архивирано од изворникот на 2008-06-20. Посетено на 20 July 2007.
  2. „Acuario de Veracruz“. Архивирано од изворникот на 2007-07-04. Посетено на 21 July 2007.
  3. Lowe S., Browne M., Boudjelas S. (2000). 100 of the World’s Worst Invasive Alien Species. A Selection From the Global Invasive Species Database. IUCN/SSC Invasive Species Specialist Group (ISSG), Auckland, New Zealand.

Надворешни врски

уреди