Цинцар Јанко
Јанко Поповиќ (српски: Јанко Поповић; 1779–1833), со прекар Цинцар Јанко бил српски војвода, еден од водачите на Првото српско востание.
Рани години
уредиЈанко е роден во 1779 во Охрид, во семејство на поп. Неговиот татко потекнувал од Долна Белица.[1][2] каде што е роден неговиот роднина Цинцар Марко Костиќ, кој исто така бил водач во востанието. Откако убил некој турчин, Јанко избегал на север околу 1800 година и се населил во Ваљево каде што станал трговец. Го добил прекарот Цинцар, поради неговото потекло.[3]
Српското востание (1804-1813)
уредиКога јаничарите од Белград решиле да ги убијат сите важни Срби во областа што ја контролирале, Јанко исто така бил затворен, но на крајот бил ослободен поради молбите на многу граѓани на Ваљево.
Откако го преживеал тоа, тој веднаш се приклучил на востанието. Од 1804 до 1811 се борел против Турците главно на реката Дрина. Тој учествувал во заземањето на Карановац (денешно Краљево) во 1805, битката кај Љешница (1806) и битката кај Чучуге (1806). Бил назначен за заповедник на беќарите, неженети мажи или Срби кои дошле надвор од Србија, кои – за разлика од останатата селанска војска која не сакала предолго да ги напуштат своите села – биле најмобилниот дел од востаничката војска.
Цинцар Јанко се истакнал во битката кај Мишар (1806). Во 1806 учествувал во ослободувањето на Белград.
Во 1813 за време на османлиската офанзива Цинцар Јанко учествувал во одбраната на Делиград на јужниот фронт но морал да се повлече, прво во Пожаревац а потоа во Белград, од каде преминал во Хабзбуршката империја.
Наводи
уреди- ↑ Радовановић, С. В. (1936). Горња и Доња Белица у Струшком Дримколу – пример постанка сезонских влашких сточарских насеља и њихова преобраћања у стална насеља. Гласник Географског друштва, стр. 21-29.
- ↑ Koukoudis, Asterios (2003). The Vlachs: Metropolis and Diaspora. Thessaloniki: Zitros Publications. стр. 349–350. ISBN 9789607760869. "According to local traditions, the exoduses from Niçë and Llëngë led to the establishment of two new Vlach villages north-west of Lake Ohrid, on Mount Jablanica. First Gorna Belica (Biala di ni sus) was established, high on the unseen slopes of Jablanica, and shortly afterwards Dolna Belica (Biala di n gios/Kimpu), down in the foothills.... The close relations between Gorna and Dolna Belica and the older Vlach villages of Niçë and Llëngë (a relationship akin perhaps to that between a metropolis and its colonies) is probably attested by the intermarriage and family connections which developed among them."; pp. 468-469.
- ↑ Trajanovski, Todor; Domazetovski, Petko (2002). „Традиционалните Влашко-Албански односи согледани преку една Албанска народна песна, испеана за Власите од Горна Белица – Штрушко“. Во Kiselinovski, Stojan (уред.). Зборник на трудови од Меѓународниот научен симпозиум "Власите на Балканот", одржан на 09-10 ноември 2001 во Скопје. Institut za nacionalna kultura. стр. 169. ISBN 9789989895432. "Во струшкиот Дримкол имало две впашки населби - Горна и Долна Белица."