Цели за одржлив развој
Цели за одржлив развој (скратено ЦОР) — група од 17 цели во врска со меѓународниот развој во иднина. Целите биле утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги замениле Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување завршил на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.[1]
Преглед
уредиСписок на цели
уредиНа 25 септември 2015 година, 193 држави, вклучувајќи ја и Македонија, се согласиле за следните 17 цели:[2][3]
Цел | Официјален текст |
---|---|
Цел 1: Нема сиромаштија | да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде |
Цел 2: Нема глад | да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство |
Цел 3: Добро здравје | да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од секоја возраст |
Цел 4: Квалитетно образование | да се обезбеди инклузивно и еднакво квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите |
Цел 5: Родова еднаквост | да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата |
Цел 6: Чиста вода и санитарни услови | да се обезбеди пристап до и одржливо управување со вода и санитарни услови за сите |
Цел 7: Обновлива и достапна енергија | да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите |
Цел 8: Добри работни места и економија | промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите |
Цел 9: Иновативност и добра инфраструктура | изградба на прилагодлива инфраструктура, промовирање на одржлива индустријализација и поттикнување на иновации |
Цел 10: Намалена нееднаквост | намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите |
Цел 11: Одржливи градови и заедници | остварување на инклузивни градови и населби, безбедни, прилагодливи и одржливи |
Цел 12: Одговорно користење на ресурсите | да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство |
Цел 13: Преземање мерки за климата | да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание |
Цел 14: Одржливи океани | да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој |
Цел 15: Одржливо искористување на земјата | заштита, обновување и промовирање на одржливото користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинувањето и спречување на и повлекување на земјишната деградација и спречување на намалувањето на биоразновидноста |
Цел 16: Мир и правда | промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа |
Цел 17: Партнерство за одржлив развој | зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој |
Потцели и показатели
уредиЦелите се сочинети од 169 показатели и напредокот кон нивно постигнување се мери со помош на 247 показатели. Секоја цел има од 8-12 потцели, а секоја потцел има од 1-4 показатели. Потцелите се однесуваат или на „исход“ (состојба којашто треба да се постигне) или на „средство за спроведување“.[4] Последните цели биле воведени подоцна во преговарачкиот процес со цел да се опфатат грижите на некои земји членки за тоа како ЦОР ќе бидат остварени. ЦОР 17 целосно се однесува на исполнувањето на целите.[4]
Потцелите со исходи користат броеви, додека оние со средства за спроведување мали букви. На пример, ЦОР 6 има вкупно 8 потцели — првите шест се однесуваат на исход и се обележани од 6.1 до 6.6, додека последните две се однесуваат на средсто за спроведување и се обележани како 6.а и 6.б.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Technical report by the Bureau of the United Nations Statistical Commission (UNSC) on the process of the development of an indicator framework for the goals and targets of the post-2015 development agenda – working draft“ (PDF). March 2015. Посетено на 1 May 2015.
- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ „The Global Goals For Sustainable Development“. Global Goals. Посетено на 2 September 2015.
- ↑ 4,0 4,1 Bartram, Jamie; Brocklehurst, Clarissa; Bradley, David; Muller, Mike; Evans, Barbara (2018). „Policy review of the means of implementation targets and indicators for the sustainable development goal for water and sanitation“. NPJ Clean Water (англиски). 1 (1): 3. doi:10.1038/s41545-018-0003-0. ISSN 2059-7037.
Надворешни врски
уреди- Сите цели и специфични точки на македонски јазик Архивирано на 18 јануари 2021 г. — Регионален центар за животна средина
- Национална стратегија за одржлив развој (2009-2030) Архивирано на 31 јануари 2020 г.
- Одржлив развој — Државен завод за статистика
- Мерење на напредокот во остварувањето на целите
- UN Department of Economic and Social Affairs: Sustainable Development North Macedonia