Цветко Крстев Зенговски ( 1914 во Побожје, Скопско1942 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По окупацијата на Македонија бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска. Служел во Седумдесет и првиот пешадиски полк во Скопје. Во 1942 година како стражар на магацинот со оружје, бил откриен во моментот кога давал оружје и муниција за Народноослободителнато движење и партизаните. Поради тоа Воениот суд по кратка постапка го осудил на смрт. При извршувањето на смртната казна биле повикани неговите роднини и други луѓе со цел да се заплашат. Смртната пресуда, бугарскиот фашистички окупатор ја извршил кај Матка. И покрај малтретирањето во истрагата, храбро издржал и не предал ниту еден од соработниците на НОВ. Неговите посмртни останки биле погребани на селските гробишта. Неговиот брат Александар Зенговски, го изгубил животот во битките за ослободување на Банова Јаруга.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 62. На |first= му недостасува |last= (help)