Цветко Тодоров Ќунгуров ( 1912 во Љубанци, Скопско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа изучил занает. Работел како лебар во Скопје. За време на окупацијата на Македонија станал симпатизер на НОВ и честопати ги снабдувал партизаните со храна. Поради тоа бил затворан и малтретиран од окупаторската бугарска фашистичка полиција. По излегувањето од затвор, бил задолжен ѝ натаму со снабдувањето на партизаните со прехранбени производи сè до 1944 година, кога пред опасноста повторно да биде затворен, се приклучил во редовите на НОВ и ПОЈ. Во борбите против непријателот се истакнал како храбар борец. Поради тоа, честопати бил ангажиран да извршува разни курирски задачи. Во октомври 1944 година, загинал во битката против балистичките банди кај Треска. Балистите неговото тело го фрлиле во Треска. Подоцна неговото тело било пронајдено, извадено и закопано во селото Глумово.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 277. На |first= му недостасува |last= (help)