Цветан Белковски
Цветан Трипунов Белковски ( 1918 во Булачани, Скопско — 8 ноември 1944 во Качаничка Клисура, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во секојдневните борби против балистичките сили што навлегле од север кон Скопска Црна Гора. Напоредно со ова се пројавил и во ноќните акции против германските колони, што се повлекувале низ Качаничката Клисура. Во една таква акција, на 8 ноември 1944 година, храбро загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во родното село Булачани.[1]