Цај Лун
Цај Лун (кинески: 蔡伦, пинјин: Cài Lún; познат и како: Џингжонг (кин. 敬仲, пинјин: Jīng Zhōng); ок. 50–62 – 121), бил кинески евнух кој служел на дворот на династијата Хан. Тој се смета за пронаоѓач на хартијата и на современиот процес за производство на хартија.
Цај Лун | |
---|---|
Слика од Цај од 18-тиот век од Династијата Цин каде што е претставен како светец-заштитник на производството на хартија[1][2][3] | |
Роден(а) | ок. 50–62 CE Гујанг, округ Лејанг, Ханско Царство (денес Лејанг во провинцијата Хунан - НР Кина) |
Починал(а) | 121 CE (на возраст од 59–71) Лејанг , Ханско Царство (денес Лејанг во провинцијата Хунан - НР Кина) |
Познат(а) по | Откривање на хартијата и правењето хартија |
Роден е во Гујанг, округ Лејанг (денешниот град Лејанг во провинцијата Хунан). Тој ја усовршил техниката за правење хартија за време на династијата Источен Хан, а исто вовел нови суровини кои што може да се користат за правење хартија - целосно ги искористил отпадните материјали како кората од дрвото, отпадоците од коноп; и со тоа го намалил трошокот за производство на хартија. Употребата на кората од дрвото како претходник на денешната хартија која се прави од целулоза, значително ги проширила хоризонтите и придонела за развој на индустријата за хартија.
Во 110 н.е., Лејди Денг, која станала царицата доверител на младиот император Ан, го назначила Цај да го надгледува новото издание на Петте класици од 100 научници. Цај бил награден за неговата царска служба во 114 г.. По смртта на Денг во 121 н.е., Цај добил бил повикан во Министерството за правда поради неговата вмешаност во смртта на бабата на императорот, Консорт Сонг. Засрамен од таквото обвинување и очекувајќи да биде осуден на смрт, истата година сесамоубил.
Подобрувањата во процесот на производството на хартија кои ги вовел Цај имале огромно влијание врз историјата на човештвото, а од сите пронаоѓачи на Четирите големи пронајдоци на Древна Кина (компас, барут, хартија и печатење) - Цај е единствениот чие име е познато. Иако тој се почитува во Патријахалната Кинеска религија, каде се обожува како бог на производството на хартија и се појавува во кинескиот фолклор, тој е поприлично непознат вон границите на Источна Азија. Неговиот роден град во Лејанг и понатаму е центар за производство на хартија.
Наводи
уреди- ↑ Tsien 1985, стр. 108–109.
- ↑ Tsien 1985, стр. 108.
- ↑ Hunter & Hunter 1978, стр. 51.