Цари Врв
Цари Врв (бугарски: Цари връх), наречен и Царев Врв (Царев връх), Голем Царев Врв (Голям Царев връх) или Алиботуш — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) во јужна Пиринска Македонија. Висок е 2.183 м.
Цари Врв | |
---|---|
Цари връх | |
Поглед на Цари Врв | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.183 м |
Координати | 41°23′58″N 23°38′25″E / 41.3995° СГШ; 23.6404° ИГД |
Друго име | Цари връх |
Географија | |
Место | Општина Свети Врач/Општина Хаџидимово, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Славјанка |
Се издига на највисокиот од второстепените ридови на планината, северно од главното планинско било и на североисток од првенецот Гоцев Врв. Има куполест облик со стрмни и лавиноопасни западни и источни падини. Врвот е сочинет од мермери. Покриен е со тенка кафеава шумска почва. Во ниските делови е обраснат со шуми од муника, а над 2.000 м.н.в. со високопланинска тревна растителност. Се наоѓа во рамките на резерватот „Али Ботуш“.
Искачување
уредиГлавни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово).[1]
Поврзано
уреди- Резерват Али Ботуш
- Гоцев Врв
- Шабран
- Царев Врв — истоимен врв во Осоговијата
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 215. ISBN 954-90006-1-3.