Шабран

врв на планината Славјанка во Пиринска Македонија

Шабран — втор по висина врв планината Славјанка (Али Ботуш) на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 2.195 м.

Шабран
Поглед на Шабран од исток
Највисока точка
Надм. вис.2.195 м
Координати41°22′50″N 23°36′25″E / 41.3806° СГШ; 23.6069° ИГД / 41.3806; 23.6069
Географија
Шабран на карта

Карта

МестоСветиврачко, Пиринска Македонија
Валовишко, Егејска Македонија
Матичен венецСлавјанка
Карта

Се издига на главното планинско било, западно од првенецот Гоцев Врв, со кој е поврзан преку седло. На исток од него се наоѓа големата карстна вдлабнатина наречена Сухото Езеро. На север од Шабран се двои долг срт кој се протега сè до долината на Голешовска Река. Врвот има стрмни падини. Сочинета од мермери. Почвата е кафеава шумска, рендзина (хумусно-карбонатна) и планинско-ливадска. Падините се обраснати со високопланинска тревна растителност. Се среќаваат многу енемски растенија. На неколку метри јужно од највисоката точка на врвот минува државната граница помеѓу Бугарија и Грција.

За време на Преродбениот просец во НР Бугарија врвот е преименуван во Овчарец, но ова име не успеало да се наметне ниту кај мештаните, ниту меѓу посетителите.

Искачување

уреди

Главен приоди за искачување на врвот е планинарскиот дом „Извора“ над с. Петрово.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 73. ISBN 954-90006-2-1.