Цанко Лавренов
Цанко Иванов Лавренов (бугарски: Цанко Иванов Лавренов 24 ноември 1896 — 18 октомври 1978) бил бугарски уметник и ликовен критичар. Тој е еден од најистакнатите и највлијателните бугари во периодот на дваесеттиот век. Модернист под влијание на симболизмот,[1] Лавренов е најпознат по неговите пејзажи на стариот град Пловдив како и неговите манастирски циклуси.
Цанко Лавренов | |
---|---|
Роден(а) | ноември 24, 1896 Пловдив, Бугарија |
Починал(а) | октомври 18, 1978 Софија, Бугарија | (возр. 81)
Националност | Бугар |
Познат(а) по | Уметник |
Биографија и кариера
уредиЦанко Лавренов се родил на 24 ноември 1896 во градот Пловдив, Бугарија. Неговиот дедо, Лаврентиј, бил трговец со книги и се занимавал со препишување на католички ракописи.[2] Лавренов дипломирал во Францускиот колеџ во Пловдив.[2] Во 1921-22, тој се запишал во приватно уметничко училиште во Виена.[2]
Избрани дела
уреди- „Стариот Пловдив“ (1930)
- „Преображенски манастир“
- Куршум хан (1937)
- Црквата „Света Софија“ во Охрид (1942)
- Црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес, Македонија (1943)
- Мртва природа со цвеќиња од поле (1944)
- Стариот Пловдив - диптих (1946)
- Стариот Пловдив (1974–75)
Свето Горски циклус
уреди- Манастир Зограф (1936)
- Главната порта на Ватопед (1941)
- Општ поглед на Хиландарскиот манастир (1942)
- Пристаништето на Зографскиот манастир (1958)
Наводи
уреди- ↑ Loran gallery(бугарски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Tsanko Lavrenov biography at pravoslavieto.com(бугарски)