Хју Таун
Хју Таун (англиски: Hugh Town, конрски: Tre Huw) со 1.068 жители е главното населено место на островите Сили, Англија, сместено на островот Сент Мерис. Главната улица во селото претставува најважното трговско подрачје на островите, чиишто фирми главно живеат од туризам. Во селото има и банки, хотели и пабови. Во околината има неколку плажи. Меѓу позначајните зданија се вбројува Ѕвездестиот замок (Star Castle), кој денес е хотел.
Хју Таун Hugh Town (англиски) |
|
корнски: Tre Huw | |
Поглед на Хју Таун |
|
Хју Таун Hugh Town (англиски) Хју Таун Hugh Town (англиски) во рамките на Обединетото Кралство | |
Население | 1.068 |
---|---|
Унитарна управа | Сили |
Церемонијална грофовија | Корнвол |
Регион | Југозападна |
Земја | England |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Пошт. град | ISLES OF SCILLY |
Поштенска област | TR21 |
Повикувачки број | 01720 |
Полиција | Девон и Корнвол |
Пожарна | Cornwall |
Итна помош | Југозападна |
ЕУ парламент | Југозападна Англија |
Брит. парламент | Сент Ајвс |
Список на места: Обединето Кралство |
Главниот кеј и пристаните на Сент Мерис се наоѓа во Хју Таун, и од ова место поаѓа фериботот „Scillonian III“ за Пензанс. Аеродромот Сент Мерис е сместен веднаш до гратчето. Оттука се одржуваат редовни летови до Пензанс со хеликоптер, и летови со 12-седен авион до Сент Џаст, Корнвол.
Оваа место во Англија статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |